2011-06-03 Wikileaks: Владата во Скопје поттикнува "атмосфера на страв"

Image

Македонската влада на премиерот Никола Груевски и неговиот внатрешен круг систематски го користи правниот и репресивен апарат на државата, за да ги исклучи неистомислениците, открива американски дипломатски извештај добиен од Wikileaks и дели со Bivol.bg и EurActiv.com

Позадина

Тајните Извештаи на САД, добиени од EurActiv и сајтот за истражувачко новинарство бивол, кој објавува ексклузивни материјали на Wikileaks за Балканот, содржат информации за Груевски и неговото опкружување од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, кои создаваат "атмосфера на страв" во земјата кандидат за Европската унија.

Филип Т. Рикер, амбасадор на САД во Скопје од септември 2008-ма година, пишува во извештаите од декември 2009-та, дека Груевски ги користел сеопфатните обвиненија за злоупотреби, против официалните членови на македонската политичка елита.

"Јавни апсења, притвори или истраги на сегашни и поранешни министри, партиски членови и членови на опозицијата.Ги постави под притисок македонските политичари да се воздржат од предизвици и критики кон владата на Груевски", пишува Рикер.

Дипломатите на САД во Македонија, исто така, го информираат Вашингтон дека до нив стигнале поплаки од невладини организации, чии членови биле повикани од полицијата на застрашувачки "информативни разговори".

"Покрај тоа, овие тактики се прикажани на македонската јавност како храбри напори на владата да се справи со корупцијата, а со тоа се оправдува јавната поддршка за овие злоупотреби", пишува амбасадор Рикер.

Повеќе пати во програмата, дипломати на САД велат дека известувањето на јавноста и битките со неговите противници во медиумите, Груевски успеал вешто да го одвлече вниманието на јавноста од сопствената неможност да продолжи по "прашањето за името" - долгиот спор со Грција околу името на државата, што е идентично со тоа на најсеверната грчка покраина.

"[Груевски] и понатаму инсистира на референдум за да е избегне личната одговорност за еден историски компромис", објави во Вашингтон Американската амбасада.

Според дипломати од Европската унија едно националното гласање за компромисно име има неважечка шанса за успех, особено се имаат во предвид националистичките идеи на ВМРО-ДПНЕ и нивната антикомпромисна позиција, која се контролира од страна на владините медиуми кои треба да е заштитуваат.

Покрај тоа, Груевски е опишан како политичар кој не е заинтересиран за вистински реформи кои се потребни за да се продолжи на патот кон интеграцијата во Европската унија. Груевски дури и се противи на давањето независност на судството, во голема мера контролирано од него самиот.

Корупција во опкружувањето

Дипломатите на САД сметаат дека различни домашни лица околу Груевски се корумпирани. Во тој контекст јасно се споменати шефот на разузнавањето Сашо Миjалков, братучед на Груевски, како и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. Поконкретно дипломати на САД цитираат обвиненија според кои Миалков е поврзан со корупциски скандал за продажба на Двокатни автобуси произведени во Кина.

Истовремено, амбасадата на САД гледа со доверба на неколку "чисти" македонски политичари, кои станале жртви на репресиите на Груевски.

Меѓународно најдобро Познато име меѓу наведените, е тоа на поранешниот министер за европски прашања Ивица Боцевски, кој се повлече во јули 2009, откако сфатил дека Груевски никогаш не сакал реформи во областите како што е независноста на судството, велат документите.

Еден од многуте примери за манипулација на судството за политички цели е случајот на поранешниот менаџер на македонскиот здравствен фонд Георги Тренкоски, сопартиец на Груевски и политичар со чиста репутација.

Според амбасадата на САД Тренкоски ја изгуби поддршката на Груевски, бидејќи зборувал отворено. Тренкоски беше уапсен јавно и обвинет за злоупотреба на службата. Како што се реализира добро познатата практика, апсењето се случи во присуство на новинарите од медиумите блиски до власта..

Според законот, во Македонија постои можност за определуване на притвор за период до 180 дена, а судиите имаат можност да го продолжат рокот на притворот до 30 дена. Некои судии се пожалија на дипломати на САД, дека биле ставени под притисок од владата, за да наметнат максималниот можен период на притвор, во очигледен обид да се уништи нечија политичка репутација.

Слаѓана Тасева, шеф на невладината организација Транспаренси интернешнл во Македонија, се пожалила на дипломати и пред медиумите дека била малтретирана од полицијата поради нејзиното работење и нејзините критики кон владата. Документот наведува и други невладини организации, кои се со истите тврдења.

Албански проблеми

Извештаи од САД исто така известуваат за се повеќе мегуалбански раздори во Македонија. Мендух Тачи, лидер на Албанската демократска партија, официјално се залага за нов меѓуетнички договор кој ке го замени Охридскиот рамковен договор, предупредуваат дипломатите на САД.

Наводно, Тачи повика на консензус за донесување на одлуки од страна на владата. Во пракса тоа значи дека Албанската демократска партија ке добие право на вето, и цел албанскиот јазик да стане официјален јазик како што е и македонскиот, и една од највлијателните политички позиции (премиер, претседател, портпарол) секогаш да се извршува од Албанец.

Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer